Бесплатна достава низ цела Македонија за нарачки над 3.000 ден.

Мени

За нас

Oxymammy е македонски бренд инспириран од лично родителско искуство и создаден со визија да понуди квалитетни, функционални и сигурни решенија кои навистина им помагаат на родителите во секојдневието.

Како мајка на едно дете, низ сопственото искуство ги почувствував предизвиците што ги носи родителството – носење, заспивање, хранење, игра и патување. Од таа реална потреба произлезе Oxymammy: бренд што им помага на родителите да го живеат секој момент со своите деца поедноставно, поблиску и со поголема радост.

Нашата мисија

Мисијата на Oxymammy е едноставна: да го направи родителството поедноставно, побезбедно и поубаво. Секој производ е внимателно избран за да обезбеди доверба, сигурност и удобност – и за родителите и за нивните деца.

Нашите вредности

Безбедност
Секој производ ги исполнува највисоките стандарди за квалитет и заштита. Безбедноста не е компромис, туку основа.

Поврзаност
Производите што ги нудиме го поттикнуваат блискиот контакт и емотивната врска помеѓу родителот и детето – важен дел од здравиот развој.

Функционалност и долготрајност
Решенија дизајнирани да одговорат на реалните потреби на семејството во различни фази од растот и развојот.

Заедница и поддршка

Oxymammy е повеќе од продавница. Тоа е платформа која промовира свесно родителство, едуцира и споделува искуства преку иницијативите OXYxMODU, OxyСознанија и OxymammyСовети.
Преку движењето #ЗоштоНосење, ја истакнуваме важноста на блискиот физички контакт и правилната употреба на ергономски производи, придонесувајќи кон градење на здрава родителска култура.

Поддршката од родителите – двигател за раст

Oxymammy расте благодарение на секој избор, секоја посета и секое споделено искуство. Таа поддршка е инспирација за нови идеи, развој на проекти и континуирано проширување на понудата – секогаш во служба на најважните: децата и нивните родители.

Со љубов,
Невена
Oxymammy тим